Големиот поет и нобеловец Томас С.Елиот напишал:” Поетот не ја обработува убавината на светот , бидејќи правата работа е да види она што е испод убавината и грдотијата , да ја види досадата, ужасот ,славата. Поезијата наоѓа свој материјал не само со посредство на патење, него и во самото патење”А кој повеќе пател од овај народ?
Кога Платон низ
љубезни , духовити и привлечни шеги го
подучувал Федар за копнежот , добрината и убавината, во еден дел тој се
издразил: ” Да обликот и простодушноста водат кон занес и
страст, го водат благородниот можеби кон ужасно сквернавење и чувство,кое и
неговата вродена убава строгост ја отфрла како инфамно , водат кон бездна, тие
водат кон бездна. Нас поетите велам не водат таму , затоа што ние не сме
способни да се возвишиме. Способни сме само да блудееме. “ Се прашувам дали тука лежи тајната на поетската нарација на македонскиот
народ. Па скоро секоја наша народна песна е полна со лирско- елегиска копнежливост и тага и со едно сонување и блудеење. Можеби тука
лежи и тајната што една мала нација е
расадник на еден толкав број ценети поети. Можеби поезијата ни е придружени доделен дел и “просветление” од Творецот, како дел на нашето постоење
,суштествување и опстојување. Дали тоа избликнува точно од начинот на нашето битисување низ вековите, во една состојба испод
убавината и грдотијата ,придружник на досадата ужасот и славата, сквернавењето на чувствата, благородноста,
простодушноста и занесот и стално вперен поглед кон бездната и нашето вечно
сонување и блудеење.
Се повеќе сум убеден дека нема поавтентично и поприродно место за поетска
експресија и изразување на земјинава
топка од Македонија и Струга , зашто ние судбински сме врзани со поезијата како
есенција на нашето битисување.Но се
прашувам дали тоа е корисна доблест и
прагматичнност во остварување на вистинските вредности на нашето практично
опстојување. Старите филозофи тврделе
дека поетите даваат духовност и убавина на животот , но воопшто не се погодни за водење и раководење на
државите.А си поставувам уште едно прашање: Имавме ли ние, во сите ови влади, преголем број членови
со “поетска душа”, па што ни тргна
вака , па повеќе со чувства ,отколку со прагма ја организиравме и водевме државата во тек на овием 20 години? А тоа во политиката и водење на држава ти било негативна доблест и особина.
Δεν υπάρχουν ακόμα σχόλια.
Πρόσθεσε ένα σχόλιο για να ξεκινήσεις τη συζήτηση!