Во новата наредна година, со нови добри дела
39, Poli, Ιταλία

Почитувани читатели, разделувајќи се од старатагодина а во пресрет на новата година, паметните и обдарени со разум застануваат и размислуваат околу минливоста на се што е создадено. Размислуваат за Сонцето кое секојдневно излегува во утринските часови и кое со своите зраци го осветлува овој свет а пред крајот на денот заоѓа и се гаси. Размислуваат и за Месечината која што се раѓа малечка незначителна па расте се додека не стане полна, а кога ќе се наполни полека почнува да се смалува се додека во целост не се изгуби од вид. Размислуваат и за новата година која што откако ќе настапи, на луѓето им се чини дека нејзиниот крај е многу далечен, меѓутоа, за час таа веќе поминала и неповратно се изгубила во виорот на времето. Во тие моменти на луѓето им станува јасно дека примерот на една година која завршила, е како пример на целото живеење на овој свет кое што е обележано со минлив гламур, сјај, и украси, и како пример на завршеток на животот на секој поединец со сите негови дела кои ги направил. Едноставно, се бива и поминува, и тој процес е очигледен и несомнен, а тој од страна на луѓето е занегиран со посредство на немарноста, самозалажување и лажна надеж. Оние кои се свесни околу овие факти ќе размислат за времето кое поминало и за она што себе си си обезбедиле за оној, подобар свет, сведувајќи така самиот со себе си квалитетно самопресметување. Искрено треба да жалат поради грешките кои ги направиле, поради нив да чувствуваат горчина и грижа на совест, но исто така треба цврсто да решат дека на тие грешки никогаш повеќе нема да им се вратат. Потрудетесе да искорисите како ма пример пет работи пред да ве стигнат други пет, како младоста пред староста, здравјето пред болеста, богатството пред сиромаштијата, слободното време пред зафатеностста и животот пред смртта. Затоа, почитувани читатели да се потрудиме да го зголемиме билансот на своите добри дела во сите денови од наредната новата година и нека сето време во неа ни биде исполнето со добро.

 
Σχόλια

Δεν υπάρχουν ακόμα σχόλια.
Πρόσθεσε ένα σχόλιο για να ξεκινήσεις τη συζήτηση!

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά