ПОМЕЃУ ЖИВОТОТ И СМРТТА
39, Poli, Ιταλία

Некој човек паднал во длабок бунар. За среќа, едно растение било израснато во зидот на тој бунар, па, човекот додека паѓал, со рацете некако успеал да се зафати за тоа растение. После почетниот шок, почнал да разгледува доле и горе. Она што го видел било доволно за да го заплаши: огромна змија го чекала на дното од бунарот. Во очај, одлучил да остане каде што бил, и да не се помрднува. Но, тогаш, на свој ужас, здогледал два глушеца – едниот црн, другиот бел – како го гризат коренот од растението за кое се држел. Ја изгубил целата надеж. Тогаш погледнал горе и срцето повторно му се исполнило со надеж. Не бил многу оддалечен од влезот на бунарот, само еден мал напор би му овозможил да ја дофати сигурноста. Тогаш забележал кошница со мед на растението за кое се држел. Потполно заборавајќи на состојбата во која се наоѓа, почнал да јаде мед. Секако, тоа на пчелите не им се свидело па го нападнале, но, човекот и понатака останал несвесен за состојбата во која што се нашол. Недолго потоа, глувците успеале да го. пресечат растението и човекот паднал право на змијата.

ПОУКА: Ние сме тој човек; Овој свет е бунарот; растението на неговиот ѕид е нашиот живот; кого го нагризуваат денот и ноќта – белиот и црниот глушец; смртта е змијата која што нас не чека. Медот ги симболизира угодностите на овој живот, околу кои спориме и се расправаме со другите луѓе – пчелите, кои нас не „каснуваат“. Она што нашата „невоља“ ја прави потрагична е фактот дека спасот никогаш не е предалеку. Вложи само малку напор во твојот животен пат, за да ја дофатиш сигурноста која што е овозможена со Божјата љубов.
Лесно можеме да му се приближиме на Драгиот Бог и да бидеме сигурни засекогаш. Или, од друга страна, смртта дословно ќе не уништи.
А најубавото место за враќање е кај Бога.

Изборот е наш!

 
Σχόλια
borko412 29.12.2013

*OK* *HI*

zulkarnejn zulkarnejn 29.12.2013

Ти благодарам *HI* ;-)

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά