Чудна Сорта
56, Skopje, ΠΓΔΜ

Чудна сорта сме ти луѓето.

Мислам дека и Господ се чуди кога сака да протолкува дали на ова мислеше кога не создаваше.

Посакуваме нешто што е до нас.

Се грабаме за богатство што не ни треба.

Брзаме непотребно.

Не покажуваме љубов и сочувствителност доволно.

Не сме доволно естетични.

Ниту марливи.

Не сме доволно амбициозни.

Им дозволуваме на лудаци да не водат.

Постојано го повикуваме Бога наместо да работиме на иднината.

Незнам за вашите стравови, но јас се плашам од недоречености.

Сфаќам колку е битно да се завршат најбитните работи да се контролира конечноста да не се остават незавршени работи, но...

Сите заминуваат со незавршени работи.

 
Σχόλια
LadyM68 01.10.2015

Заминуваат и тоа без пардон.

Tosh Tosh 01.10.2015

сепак остануваат да зборуваат и живеат делата, благодарам

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά