Премногу Наша Приказна
56, Skopje, ΠΓΔΜ

Еве една поучна приказна:
Во едно село дошол некој непознат трговец.
Знаел дека таму живеат многу мајмуни. Им понудил на селаните по 10 $ за секој мајмун што ќе го фатат за него. Тие ентузијастички ја прифатие понудата и веднаш излегле во лов.
Трговецот ги откупувал сите мајмуни кои биле фатени, а кога нивниот број опаднал селаните запреле со ловот.
Трговецот затоа ја зголемил својата понуда и на селаните им понудил по 20 $ за секој мајмун.

Селаните радосно пак пошле во лов.
Бројот на мајмуни сосема се намалил и луѓето пак се вратиле на своите работи. Странецот затоа понудил по 30 долари, но со текот на времето, станало невозможно да се најде и еден мајмун.
Човекот тогаш најавил нова понуда. За секој мајмун што ќе го фатат на селаните им понудил по 50 $. Во исто време отпатувал некаде по работа а во селото се појавил нов трговец што продавал мајмуни.
Овој им понудил на селаните да им ги продаде сите по 35 долари.
Селаните се организирале и ги собрале сите пари со кои располагале и ги откупиле сите мајмуни.
Потоа никогаш повеќе не му виделе очи ниту на првиот ниту на вториот трговец а наоколу зоврело од мајмуни !!!

 
Σχόλια

Δεν υπάρχουν ακόμα σχόλια.
Πρόσθεσε ένα σχόλιο για να ξεκινήσεις τη συζήτηση!

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά