Доза бруталност
56, Skopje, ΠΓΔΜ

Доза бруталност *

Day 2,261, 10:43by Clinoman

Посветено на луѓето со поголеми фронтални лобуси.

За три закони е невозможно да ме разубедиш. Три закони на реалноста.
Три закони за кои сум размислувал во целото мое постоење.
Прво, времето е непостоечко.
Како? Ако живееш во сегашноста, а минатото не постои затоа што поминало и не е можно да се врати, додека иднината е нешто што не постои, но има безброј можности за тоа како ќе изгледа, донесуваш заклучок дека времето не постои.
Второ, фантазијата е конечна.
Многу луѓе имаат тенденција да велат дека се е возможно во човечкиот мозок.
Мојот ум е бескочен и можам да патувам и создадам се во него. Тие луѓе се идиоти. Замисли си го чувството кога си бил мртов. Кога сум бил мртов? Пред да се родиш. Можеш ли да ја замислиш таа околина? Како навистина изгледа? Е таква ќе биде смртта, па кога сме веќе тука, затвори ги очите и замисли како би изгледала смртта? Некои луѓе велат црно, некои бело. И кога си веќе екстремно збунет за законот, јас барам од тебе да замислиш, НОВА БОЈА. Пробај. Обиди се. Можеш ли? Ако ја скршив твојата претстава за фантазијата, не ми е жал. Фантазијата е конечна, и ти не можеш да направиш ништо во врска со тоа.
Трето, просторот е бесконечен.
Иако фантазијата е ограничена, таа во овој тест за овој закон ќе ти помогне да стигнеш до крајните граници на униврзумот. Замисли си дека лебдиш над него, а под тебе ги гледаш сите извори на светлина. Толку си далеку што светлината штотуку допатувала до тебе. Сега барам да отидеш толку далеку што ни самата светлина не стигнала толку далеку. Се наоѓаш во тотален мрак.
За апсолутна слика за тоа колкав е просторот ќе ја искористиме фантазијата најекстрмно, па затоа следи го овој опис, кои што иако многу малку веројатен сепак е возможен. Одиш најдалеку во границите на просторот и стигнуваш до ѕид. Го пробиваш истиот на каков било начин би сакал да замислиш. Ти си на другата страна. Тука светлината патува милиони пати побрзо, па можеш да видиш огромно суштество, како фрла коцка во некоја друштвена игра. Во коцката која ја фрла се наоѓа универзумот од кој што излезе. Одиш понатаму и излегуваш од собата, надвор од живеалиштето, и се вивнуваш високо над планетата на која живееја двете суштества. Го повторуваш истиот процес, стигнуваш на работ на овој универзум, до друг ѕид, гледаш нови суштества, едното ја фрла коцката, илегуваш надвор и го повторуваш овој процес бесконечно. Во просторот можат да постојат бескраен број на универзуми, еден во друг, сите со големина на еден атом споредена со универзумот во кој што си влегол. Заклучуваш дека просторот е бесконечен, толку е голем што ни со твојата фантазија не можеш да ја замислиш бескрајноста.

И како бонус.
Ако си религиозен атеист, или некој кој верува во една вера, а ги игнорира другите илјада, заклучуваш дека бог не постои.
Ако си агностик, или некој кој мисли дека со нашето знаење и технологија е невозможно да бидеме сигурни дали има нешто повеќе, заклучуваш дека бог не постои.
Ако си атеист кој се курчи на другите за нивната религија, ќе продолжиш да се курчиш, ама си среќен затоа што имаш форма на елекронски запис која го потвдува твоето мислење, и заклучуваш дека бог не постои.
Ако си атеист со надеж за живот во друга димензија, и си уверен дека постои некој хакер кој може да манипулира со законите на реалноста, твојата човечност не ти дава да ја напуштиш таа надеж.
И ако си човек кој верува и се огледува на злото, секогаш си знаел дека ѓаволот не постои, туку дека ти си ѓаволот.

Пуштајте коса, брада, метал. Пијте, ебете, не се дрогирајте, не пушете (дозволено во сексуална смисла), изострете си ги талентите, плукајте по политичарите,
и живејте убаво.

Ваш Клиноман - 28.01.2014


* Текстов го пишувал мојот син. Не барав дозвола да го копирам ниту навлегував многу во толкување на неговите филозофски погледи. ме изненади стилот и длабочината на мислата.

 
Σχόλια
TopVU 18.02.2014

Да е жив и здрав Син Ти! Јас многу рано научив дека од Моите Деца можам многУ да научам... проблемот е што не сакаме (неможеме) да ги отвориме очите за Нашите Деца кога нашето внимание им е најпотребно... Одговрноста за тоа лежи кај сите Нас кога сме индиферентни за нештата кои се случуваат во општеството во кое живееме... има доста да се каже... како и да е да е жив Твојот и Нашите јунаци ,,Гооолеми“ да пораснат!

Tosh Tosh 18.02.2014

Благодарам, денешниве генерации се многу паметни

Tosh 18.02.2014

Во секој случај многу почесно и похумано е да се декларираш како атеист а да правш добри дела одошто да се декларираш како верник а да правиш зло. Добар му е заклучокот дека ѓаволот лежи во нас самите.
За другото се убедуваме понекогаш

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά