27.09.2011
мудрост
43, Skopje, ΠΓΔΜ

  • Младоста е радост на животот; радоста е вечната младост на духот. – Ниево
  • Не почнувајте да лажете, бидејќи засекогаш можете да го изгубите чуството за вистина. – Девондел
  • Тајната на успехот е навистина во постојаноста на намерата. –Дизраели
  • Вистинскиот успех се постигнува со една единствена добра карактеристика: искрената скромност. – Де Сика
  • Чудно е колку малку е поитребно да бидеме среќни, но уште почудно колку често токму тоа малку ни недостасува! - Иво Андриќ
  • Најсреќен е оној човек кој направил среќни други луѓе! –Дидро
  • Вистинската тајна на среќата е во тоа, многу да бараме од себеси, а многу малку од другите. Алберт Гордон
  • Држи ја среќата како птица – што понежно и полесно! Ако се чуствува слободна, со задоволство ќе ти остане во раката. -Фридрих Хабел
  • Како луѓето можеме да ги направиме среќни ако не ги направиме морални и мудри ?! –Кант
  • Кон среќата треба да се однесуваме како кон здравјето: да уживаме во неа додека е добра и да бидеме стрпливи кога е лоша. -Ла Рошфуко
  • Немаме право да уживаме во среќата ако не ја делиме со другите, токму како ни во богатството ако и за другите не го произведуваме. – Бернар Шо
  • Прави го тоа со што ќе станеш достоинствен за да бидеш среќен. –Кант
  • Слободата е независност, среќата е зависност од илјада ситни ситници. –Исидора Секулиќ
  • Среќен е мудриот човек, бидејќи во него се соединуваат доброто здравје, доброто срце и средениот образуван дух. – Мантегаца
  • Убавината е верување во среќата. – Стендал
  • Човечката убавина трае онолку колку што човекот умее да ужива во неа. –Чернишевски
  • Оној кој самиот себе се лаже,најлесно се навредува. –Достоевски
  • Незнаењето е поблиску до вистината отколку предрасудите. – Дидро
  • Кога вистината ке почне да се движи, ништо не може да ја запре. -Емил Зола
  • Најдобар знак за вистината е едноставноста и јасноста. Лагата секогаш е замрсена, накитена и речита. –Толстој
  • Ниту во староста не сме заштитени од љубовта, бидејќи љубовта ни обезбедува поубава старост. -Андрија Грозбергер
  • Добрината е мудрост, а можеби и највисока мудрост. Луѓето не се добри само затоа што се мудри, туку се и мудри затоа што се добри. –Лорка
  • Лесно е да се биде паметен за другите, отколку за самиот себе. – Ла Рошфуко
  • Нема лудило од кое човек не може да се извлече, освен од суетата. -Жан Жак Русо
  • Не е тешко да се биде добар, тешко е да се биде праведен. –Виктор Иго
  • Пријателството е една душа од две тела. –Аристотел
  • Пролетта е време на љубов. Затоа на среќните целиот живот им е пролет. -Емил Зола
  • Голема е силата на човекот кој умее да премолчи и тогаш кога е во право. –Катон
  • Не прави на друг она што несакаш другите да ти го прават тебе. –Конфучие
  • Се може да се биде, најтешко е човек да се биде.
  • Способноста за отстапки човекот го прави благороден.
  • Големината е во тоа, кога незнаеш нешто да си признаеш, дури тогаш почнуваш да учиш.
  • Искреноста е увереност дека ја зборуваме вистината.
  • Добрите луѓе се среќа на овој свет.
  • Човекот треба да се врзе со пријателство и љубов.
  • Паметниот човек дозволува да го лажат, но не и да го излажат.
  • Добриот карактер повеќе вреди отколку убавото лице.
  • Оној кој зборува само убави зборови има лош карактер.
  • Само големиот човек си ги признава грешките.
  • Оној кој сака непрекинато да биде среќен, треба често да се менува.
  • Бидете среќни каде и да сте, не постои пат до среќата, среќата е пат.
  • Ако не си среќен со она што го имаш, нема да бидеш среќен и кога ќе имаш повеќе.
  • Без причина човек може да се насмее, но не и да заплаче.
  • Реката се запознава со пливање, а човекот во разговор.
  • Капка вода која ќе падне на вжештено железо, ќе испари. Истата капка, ако падне на цвет, ќе стане какоп мониста, а ако падне на школка, ќе стане бисер! – така и човекот, станува она со што ќе се здружи.
  • Човекот може се, само ако сака.
  • Не е страшно, ако она што треба да го направиме денес, го одложиме за утре, страшно е, ако тоа не го направиме ни утре.
  • Човекот не се мери со лакти, туку со памет.
  • Не е срамота да не знаеш, срамота е да не дознаеш.
  • Не е срамота да паднеш, срамота е да не станеш.
  • Голема вештина е да умееш да разговараш со човек.
  • Луѓето кои мразат, тоа се најпрво глупавите, потоа страшливите, но никогаш хероите.
  • Молчењето е украс на паметниот, а маска на глупавиот.
  • Среќата е задоволство на духот.
  • Вечноста на човекот е во љубовта.
  • Се додека е љубен, човекот останува млад.
  • Љубовта не е чудо но прави чуда.
  • Љубовта е среќа која си ја даваме еден на друг.
  • Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани.
  • Оној кој не умее да сака, мора да научи да ласка.
  • Лош леб и лоша мајка нема.
  • Само мајчината љубов е безусловна.
  • Љубовта на мајката не старее.
  • Почитувај, ќе бидеш безгрижен.

 
Σχόλια
borko412 28.09.2011

*THUMBS UP* *THUMBS UP* *THUMBS UP*

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά