DVE SOVRSENSTVA
43, Prilep, ΠΓΔΜ

Беда,очај,бес,тага,безизле

з...Беа работите кои таа ги чувствуваше.Имаше голема душа,а сепак беше изгубена во просторот и времето,беше изгубена помеѓу јавето и сонот.
Девојчето со скриена насмевка и неверојатна животна приказна која не и дозволуваше да се радува на мали нешта и не и дозволуваше да се верува во победи...
Таа беше преубава кукличка со ледена насмевка која живееше во сенка на сопствениот живот поразена од времето.Всушност,нејзината улога на марионета беше предизвик за сите бедници кои се се фалеа мислејќи дека ја добиле најсаканата играчка - нејзиното срце...
Но тие не знаеа дека таа сакаше! ...
Сакаше со целата сила на своето скаменето срце и изгубена душа која талкаше низ времето барајќи спокојство... Таа беше совршенство на природата кое уриваше сонови,а немаше сила да го отствари својот сон...
Таа имаше само еден сон,да биде со него!
Тој беше нејзин воздух,нејзина храна,нејзина најголема болка,нејзин сон и причина за живот.
Неа ја плашеше секое поклопување на стрелките зошто знаеше дека нејзиното време поминува,а копнежот по тие усни се зголемува.
Таа беше матно привидение на болната вистина дека љубовта сепак не постои и тоа и создаваше вртелешка во главата.А тој,нејзиното второ јас,беше немирен привид за поимот забава...
Тој беше неосуден убавец на многу соништа,тој беше олицетворение не она што претставуваше добар живот.Тој имаше се,но немаше срце!И додека таа го градеше сопствениот заборав,тој немаше храброст да ја погледне во очи и да ја спречи судбината да ја прегази.
Тие беа совршенство кое можеше да постои и да трае,смеејќи и се на бедната судбина за нејзините зли намери... </3

 
Σχόλια

Δεν υπάρχουν ακόμα σχόλια.
Πρόσθεσε ένα σχόλιο για να ξεκινήσεις τη συζήτηση!

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά