ПРАЗНИЦИ СЕ БЛИЖАТ
60, Skopje, ΠΓΔΜ

Уште една година полека но сигурно заминува,уште два дена не сметајќи го денешниот ден и веќе сме во Новата 2012 година.А припремите веќе започнаа,раздвиженост на сите страни,по улици,во продавници,буквално на секаде...Секој според можностите,купува тоа што му треба,што сака и што може...

Утре е последниот работен ден за оваа година,а и последниот училишен во годината која изминува и истовремено и крај на првото полугодие.Многу предновогодишни прослави ќе се оджуваат утре во кафани,кафулиња,училишта,работни организации и сл.Верувам дека со денешниот ден и голем број градинки ги завршија своите новогодишни приредби збогатени со Дедо Мраз кого го чекаа цела година да им донесе и подели пакетчиња.
Само едно мислам дека оваа година пред доаѓањето на новата година не е така еуфорично,како во минатите години...И ако пазарите пред се скопскиот бит пазар е преполн со разно-разна пиротехника оваа година во предновогодишните денови,а и вечери нема толку пукање како минатите години,можеби грешам во проценката???...или арсеналот се чува токму за новогодишната ноќ.
...како и да е ПРАЗНИЦИ СЕ БЛИЖАТ..

 
Σχόλια

Δεν υπάρχουν ακόμα σχόλια.
Πρόσθεσε ένα σχόλιο για να ξεκινήσεις τη συζήτηση!

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά