КИКИНДА 2011.
60, Skopje, ΠΓΔΜ


На почетокот на овој месец,односно во првата негова сабота на 2.04. се одржа четвртта средба на акцијашите од простирите на некогашната заедничка држава.По повод први април денот на Младинските Работни Акции во малото војводинско градче Кикинда се собраа некогашните бригадири од многу Младински Бригади кои учествуваа на многу Младински Работни Акции.На оваа средба покрај домаќините и нивните комшии од Зрењанин,присуствуваа некогашни акцијаши од Белград,Лазаревац,Скопје,Зеница,Бреза,Љубљана и др. градови.Средбата започно со пречек на гостите со лебче и сол на самата капија на некогашната младинска населба"Младост",a денес дел од спортскиот центар во овој град со обновен бригадирски ресторан и неколку некогашни бригадирски бараки.Средба после една година на старите пријатели и лично запознавање со новите стекнати меѓу две средби.По свеченото отварање на средбата и поздравните говори,во просториите на здружението на граѓани "ДОРА"од Кикинда беше отворена и мала изложба на тема Младинска Работна Акција"Кикинда"преставена со многу фотографии,амблеми,опрема,алишта(бригадирки,маици,..)како и алат кој се употребувал на работната акција.
Пред почетокот на спортските активности кој се оджаа во населбата,неизбежна беше и бригадирската маренда-паштета,јогурт и четврт леб.Во вечерните часови одржана е забава со жива музика,која траеше до раните утрински часови.
Многу разговори,сеќавања,емоции и измешани чуства.Довидување до година до новата јубилејна средба на истото место беа пораките на домаќините и на гостите при разделбата.
И тука не е крајот на акцијашките средби.Во март месец е одржана средба во Зеница-Босна,на 28.мај треба да се одржи средба во Смедерево-Србија,а оваа есен се планирани и уште две средби.Во младиската населба Гердап и во Белград.Се бара термин и за заедничка средба во градчето Бор во Србија.
Се размислува и за средба и кај нас која би опфатила посета на младинската населба Катланово каде се оджуваше Младинската Работна Акција Скопје се до септември 1989.,како и посета на Крушево или Охрид.Но приоритетна цел на скопските акцијаши е регистрирање на граѓанското здружение АКЦИЈАШ,како и наоѓање на просторија за отварање Бригадирски клуб.

 
Σχόλια

Δεν υπάρχουν ακόμα σχόλια.
Πρόσθεσε ένα σχόλιο για να ξεκινήσεις τη συζήτηση!

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά