Одвратни луѓе
34, Skopje, ΠΓΔΜ

Бевме клинки, први симпатии, споменари и слични ствари ни ги окупираа мозоците.Нејзе никој не ја дружеше. Онаа тинејџерска љубомора ги пиеше мозоците на сите девојчиња. Трачарење, презир и рекла-кажала, сите облечени во розево- ко повраќаници, оваа и рекла вака на онаа, секој озборува секого позади грб.Одвратни ми беа тие времиња, ама ме исчеличија. Учев од најдобрите да лажам, да се камуфлирам и да се вклопам секаде.Чудна потреба се раѓа во тие години: да бидеш центарот на светот. Се трудевме мачно сите, гледајки во секого соперник, лажни другарства колку сакаш- а лажните насмевки и преку ноќ ги носевме.А таа, таа не се трудеше. Таа едноставно беше центарот на светот.Беше прекрасна.Не велам дека бев подобра од другите. Можеби не ја чувствував како конкуренција затоа што брат и ми беше мене симпатија. Можеби да не беше така, ќе бев подеднакво злобна со неа како и сите други.Ама ете, така се погоди.Имаше добра душа, беше весела и не се грижеше за ништо. Потекнуваше од старовремска фамилија, мајка и беше неприметна, а татко и беше страв и трепет за сите.Беше заљубена цел живот во него. Онака наивно, детски. Црташе срциња во тетратките, го присвојуваше неговото презиме и скришно му праќаше писма.А тој- тој беше маалски сељак, ископлексиран до даска, до ден денес, и после толку години, сеуште седи пред куќа и чека некој да помине за да му се пофали која ја ебел вчера.Седевме заедно кај нејзе во двор (кога не беше тука брат и, пошо мене ми беше срам да седам со него), и ми раскажуваше колку е тој прекрасен. Не беше. Но таа неможеше тоа да го види.Едно утро, дојде расплакана кај мене. И се јавил. Ја викнал на забава кај него дома. И отишла, била со него.Не разбирав зашто плаче, па тоа и беше нејзиниот сон…Со плачлив поглед си отиде. Ме остави збунета. И не ми се јави од тогаш никогаш повеќе.Се прошири приказната низ цело маало, малскиот ебач неможеше да издржи. Мафтајки со нејзиниот прслук, заедно со неговите другари се маваа во гради ко да го освоиле светот. И се наредиле сите, пола ебеле- пола гледале. Ја опијаниле, ја издрогирале и ја однесле дома сабајлето со искинати алишта- за да ја покажат на татко и.После недела дена, ја испратија кај некои роднини во странство. Брат и, ништо подобар од другите, не дозволуваше да ја спомнат- не признавал тој курва за сестра.Ја осудија сите. Пљукаа по неа сите. За месец дена стивна се, најверојатно фраерот нашол некоја нова жртва чија долна облека ќе ја закачува на бришачите од неговата скапа кола.Кога се врати, не беше истата. Мирна и повлечена, тивко одговараше со да и не. Излегуваше само до продавница и назад. И до ден денес сеуште е таква.И не е веќе убава. Исушена, со тажен поглед и презир ги гледа луѓето околу неа. А тие… па тие само се ситат на нејзината несреќа, земајки ја за пример и тешејки се со нејзината судбина за нивниот мизерен живот.А секогаш коа ќе се сетам на неа, ми поминуваат низ глава стиховите на Чорба:

Nekad je bila lepotica,jedna bivsa devojcica ,a ljudi su je upropastili

И денес, помина додека седев со овој мојов пред зграда грицкајки семки.Ја споменав нејзината судбина, а тој само ја наведна главата.- И јас бев на таа журка – процеди низ заби – Гледав се, а ништо не направив.Го оставив сам на клупата, да умира во својата бедотија.Згрозена и разочарана од луѓето, уште

 
Σχόλια

Δεν υπάρχουν ακόμα σχόλια.
Πρόσθεσε ένα σχόλιο για να ξεκινήσεις τη συζήτηση!

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά