HRISTOS VOSKRESE!!!
41, Skopje, ΠΓΔΜ

НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!
Композицијата Оплакување Христово е позната тема која се сретнува речиси во сите цркви насликани пред и после живописувањето на нерешката црква. Но Оплакувањето во Нерези од сите нив се разликува. Во прв ред тоа е нагласеното истакнување на внатрешните чувства на прикажаните личности. Св. Богородица е насликана како мајка која плаче над својот мртов син. Нејзиното лице покажува болен израз на длабока болка. Нејзиниот поглед е вперен во лицето на мртвиот син кого што го држи во драматична прегратка. Богородица во оваа композиција не е онаа позната мајка од постариот живопис, која со крајно воздржани гестови, со лесно наведната глава, или само со малку крената рака ги искажува внатрешните чувства. Меѓутоа нерешката Св. Богородица плаче, нејзината болка ги раскинува срцата.


Оплакување на Христос, фреска Нерези(1164 година)


....извадок од поемата Патување во себе - Надица Тренчева....

Црковни ѕвона ѕвонат
оплакувањето Христово
го слават
во храмот со икони
свеќи за здравје палат
со молитва треба
врска со Бога
да воспоставиме
духовно да се прочистиме
избистриме освестиме
та не сме ние толку мали
та не сме ние толку ситни
додека не бараат
на картата на Балканот
нашите Амбасадори
на добра волја
од мајка родени
со љубов оплодени
не прикажуваат
не афирмираат
не именуваат
како големи
меѓу најголемите.

На сите верници сакам да ви го честитам ВЕЛИГДЕН и да ви посакам со овој убав извадок од поемата Патување во себе - Надица Тренчева....
Нека Овој Ден Ви Донесе Радост Во Срцата,Добрина Во Душата,Насмевка На Усните И Низ Животот Нека Ве Води Љубовта,Надежта И Вербата Во БОГА.
ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН Т О П Џ И И ЗА МНОГУ ГОДИНИ..........ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на оние во гробовите -
живот им подари!
(тропар на Воскресение)

 
Σχόλια

Δεν υπάρχουν ακόμα σχόλια.
Πρόσθεσε ένα σχόλιο για να ξεκινήσεις τη συζήτηση!

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά