НЕШТО ОД МЕНЕ 2 дел
39, Gevgelija, ΠΓΔΜ

Веќе беше доцна... Најде засолниште во една стара ќуќа, која во секој момент можеше да се сруши. Но некако не му беше важно не размислуваше премногу за својот живот, и онака знаеше дека лошо ќе заврши. Легна на една стара рогозина која на момент извлече една трошка надеж од неговата душа и блага насмевка од неговото лице велејќи си во себе: барем вечерва ќе спијам малку поубаво. Не му требаше многу време... Потона во длабок сон, во кој само таму знаеше дека може да биде НЕКОЈ. Некој кој луѓето нема да го гледаат со презир, страв, иронија... Можеше да биде некој кој нема да им служи на луѓето за да си го олеснат сопствениот товар. Бидејќи неговиот беше, и онака претежок за носење. Беше се како толку чисто толку убаво... Толку убаво што не сакаше да се разбуди, сакаше вечно да спие. Утрото го разбуди горчлив и немилостлив глас кој поради звукот на машините гласно викаше: Ајде стани и бегај од тука немаме цел ден за седење овде треба да се работи. Преумореното тело едвај се поддигна, со солзи на очите чекореше во правец во кој и самиот не знаеше каде води. Се сврте назад и виде како неговиот сон повторно се СРУШИ.

 
Σχόλια
borko412 30.12.2013

*OK*

zulkarnejn 30.12.2013

Ok man

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά