(НЕШТО ОД МЕНЕ) 3 "ПОЧЕТОК"
39, Gevgelija, ΠΓΔΜ

Го имаше она за кое секој сонуваше. Страстна прекрасна величенствена љубов, љубов за која мислеше дека никој и ништо на овој свет не може да ја сруши... Изгради свој совршен свет, прекрасна рајска градина во која немаше ништо на што некој би кажал: “Ова нема да функционира“ Беше толку горд на себе и на својата љубов што, да можеше и својата душа во буквална смисла би и ја дал нејзе. Не знаеше за ништо друго освен те сакам. Беше посветен во целост, заборави на се околу себе заборави на себе... За него беше се така совршено...Но нејзините очи како да не беа оние истите, беа некако ладни, како немирно море кое со своите бранови се спремаше да однесе се што за него беше живот. Одбиваше да признае дека некој како неа би можел тоа да го направи. Немоќно гледаше како неговиот совршен свет полека дел по дел тоне некаде во длабочините на морето.Стоеше и гледаше со неверување како заминува она кое требаше да биде пример за надеж верба среќа искреност посветеност. Знаеше дека нема да се врати, знаеше дека веќе ништо нема да биде исто. Испушти воздишка и продолжи напред... Но пред него немаше веќе совршеност... имаше за него само непозната земја во која тој мораше да научи да чекори Знаеше дека ќе биде тешко, но мораше да да продолжи понатаму... Погледна околу себе со насмевка ја криеше болката и тежината од која неговото лице се уште беше уморно застана погледна наоколу и рече: ЈАС ГО МОЖАМ ОВА.

 
Σχόλια

Δεν υπάρχουν ακόμα σχόλια.
Πρόσθεσε ένα σχόλιο για να ξεκινήσεις τη συζήτηση!

Blog
Τα blogs ενημερώνονται κάθε 5 λεπτά