************************
Го помниш ли она утро,
кога така лесно исплива од сонот
да ја пречекаш утринската роса
и денот што мириса на збогување....
Го помниш ли она утро,
кога завесите нежно заиграа
и отворија пат за светол зрак
во собата каде миговите одбројуваа.
Го помниш ли она утро,
кога свежото, тивко ветре
ти одвеа мисли низ спомените
на меки усни и сладок копнеж.
Го помниш ли она утро
и птицата што прелета крај прозорот,
песната нејзина за твоите уши,
ко што кожата моја е за твоите допири.
Ja помниш ли онаа ноќ,
кога го колнеше утрото што следи,
кога ми го дари и последниот бакнеж
заминувајќи од мене, сосемa празнa, тажнa...
Го помниш ли она утро,
проколнато ко секое по него
кога повторно се разбуди сама?
*HEART*